Ослободете се од целулитот со помош на храна!

Целулитот е еден од најголемите женски проблеми. Многу жени иако вежбаат и се трудат да изгледаат убаво сепак водат битка со него. Но, треба да запомните дека освен вежбањето и храната игра огромна улога во борбата со овој женски непријател. Постојат одредени намирници кои доколку ги консумирате често ќе ја намалат појавата и видливоста на целулитот.

Консумирајте намирници кои содржат голема количина на витамините А, Ц, Е и К бидејќи тие го подобруваат тонусот на кожата и ги зајакнуваат вените и капиларите. Ограничете го количеството на сол кое дневно го внесувате во организмот.

Избегнувајте ја газираната вода и консумирајте обична. Јадете што повеќе овошје кое содржи доста течности како лубеница или манго.

Белиот лук е одличен сојузник во борбата против целулитот бидејќи го забрзува метаболизмот и ги намалува масните наслаги, а на тој начин влиаје и на намалување на целулитот.

Во вашата исхрана, додајте го и ѓумбирот. Тој ќе ве ослободи од вишокот течности насобрани во вашето тело. Ја подобрува циркулацијата, а тоа значи и помалку целулит. Исто така, и рузмаринот има слични ефекти како и ѓумбирот, па што почесто пијте чај од ова растение.

Намалете ги жолчките од исхраната и дајте им предност не белките доколку сакате помалку целулит. Сепак, доколку ги јадете, тоа нека биде исклучиво за појадок, никако за вечера или ручек.

Во борбата со целулитот исто така помагаат и кељот и брокулата кои се богати со хранливи материи кои помагаат за создавање на колаген и подобра апсорбција на калциумот кои ви се од клучна важност доколку сакате тело без целулит.

loading...