Не му ги давајте срцето и телото на оној на кого му сметаат вашите брчки, стрии и лузни

Немојте никогаш да се потценувате себеси, своите емоции и да прифаќате нешто помалку од тоа што заслужувате. Немојте ама баш никогаш да прифаќајте нешто што е се друго, освен вистинска и искрена љубов.

Па така, не го минувајте животот со некој којшто не е вашиот најголем додворувач.

Не бидете со некој кој не ви дава поддршка, тогаш кога и вие не верувате во себе.

Со некој кој нема разбирање за вашите лоши денови.

Не го минувајте векот со некој кој не простува.

Кој нема трпение да слуша. Макар бил и истиот муабет, кажан веќе неколку пати.

Не бидете со некој кој во вас ги гледа недостатоците, наместо убавината.

Не му ги давајте срцето и телото на оној на кого му сметаат вашите брчки, стрии и лузни.

Не бидете со оној кој кога ќе влезе дома наместо вас го бара далечинскиот управувач.

Бегајте подалеку од оној кој секогаш го крие телефонот од вас.

Оној кој работата ја носи дома и му е поважна од сексот.

Со човекот кој не знае да го конролира бесот и љубоморота.

Не бидете со оној кој не знае да изговара убави зборови.

Со оној кој не знае да се извини.

Оној кој секогаш мора да биде во право и не знае да прифати компромис.

Немојте да го љубите оној кој наместо светлина, дома носи темнина.

 

loading...