Како да се справите со изгорениците од сонце?

Со оглед на тоа дека многумина од вас викендите ги минуваат на плажа, изгорениците од сонце знаат да бидат честа појава, особено доколку имате светол тен.

Доколку имате ваков проблем, не посегнувајте веднаш по разладувачки гелови кои се преполни со хемикалии и пробајте еден од следниве природни препарати.

Намачкајте ги изгорениците со ептен студен јогурт во кој претходно ќе ставите еден изрендан компир. Оставете ја смесата да отстои неколку часа, па истуширајте со млака вода.

Сварете зелен чај. Оставете го да се олади, па ставете го во калапи за мраз. Со коцките мраз од зелен чај поминувајте по деловите од телото кои ви се вцрвиле од сонцето.

 

loading...