ЖивотУбави совети

Месечен хороскоп за април

Прочитајте го месечниот хороскоп за април и откријте што ве очекува.

Овен

Месецов за припадниците на првиот знак во хороскопот ќе биде доста динамичен. Април е идеален за нови почетоци кои ќе го отворат патот кон посакуваните цели.

Овој месец, во огромни количини имате сила и енергија да постигнете сè што ќе замислите и притоа успешно ќе ги надминете сите оние нешта кои ве кочеле. После 15-ти ќе бидете насочени кон остварување на дополнителни финансиски приходи, а не е исклучена можноста за ново работно место.

Во април најмногу внимание ќе посветувате на кариерата, но тоа не би требало да значи дека го оставате приватниот живот настрана. Балансирајте!

Бик

Како и претходниот знак, така и вие во април во фокус ќе го ставите професионалниот живот, особено во првите три недели од месецот. Последната недела од април пак, искористете ја за средби со сите оние луѓе кои ви значат и за релаксација на вашето тело и ум.

Со оглед на тоа дека април и мај се вашите месеци ќе бидете несопирливи. Ќе успеете да реализирате голем дел од деловните планови, но ќе го подобрите и вашиот љубовен живот. За слободните Бикови, април е месец во кој имаат големи шанси да се вљубат, а оние во врска максимално ќе уживаат во многу романтични моменти.

Ќе бидете и доста независни и полни со иницијативи. Затоа, заблескајте во сиот сјај и имајте убав месец.

Близнаци

Април нема да биде многу поволен за повеќето Близнаци бидејќи има голема можност да се соочат со фамилијарни проблеми поради ретроградното движење на Меркур во нивниот знак.

Но, упорноста и инаетливоста на Близнаците ќе им помогнат во решавањето на сите ситуации.

Што се однесува до кариерата, ѕвездите пак, најавуваат големи промени. Многу Близнаци може да добијат покачување на плата или пак можност за работа на голем и важен проект со странски соработници. Месецов нема да биде поволен за Близнаците кои водат сопствен бизнис, па затоа избегнувајте во текот на април да носите важни одлуки.

Рак

Април за Раковите ќе биде доста чуден месец, исполнет со контрастни ситуации. Во еден момент ќе мислите дека сте силни и можете сè сами, веќе во следниот ќе се чувствувате зависни од други луѓе и ќе ја барате нивната помош.

Избегнувајте да влегувате во конфликти со најблиските, без разлика дали се работи за партнерот, колегите, семејството или пријателите.

На работното место, ќе ви се натрупаат доста обврски и одговорности, затоа трудете се навреме да ја завршувате работата. Месецов, ќе остварите и нови контакти кои во текот на 2017-тата ќе ви помогнат за раст на вашата кариера.

Лав

Во април, Лавовите ќе се насочат кон кариерата и во тоа ќе бидат доста успешни, иако ќе го запостават љубовниот и социјалниот живот што може да доведе до некои ситни расправии со најблиските.

Шармот на лавовите и нивниот талент да се снајдат во секоја ситуација ќе бидат клучен успех за постигнување на деловни успеси во текот на април.

Месецов, ќе потпишувате важни договори, големи се шансите дека ќе го продолжите своето образование и ништо нема да ве спречи во намерата да бидете личност која е успешна и моќна.

Девица

Сè до дваесетти април, Девиците ќе бидат постојано во движење, по малку напнати и хаотични.

Таквата ситуација драстично ќе се промени во последните десет дена од април, бидејќи ретроградното движење на Меркур е поволно за Девицата. Голем дел од припадниците на овој хороскопски знаци ќе се посветат на внатрешниот мир и ќе побараат нови техники за негово постигнување.

Во април, според ѕвездите би требало малку да одморите од вашата желба постојано да бидете зафатени со работа и да се релаксирате со патување. Девиците кои нема да патуваат ќе имаат доста исполнет социјален живот и ќе запознаат многу луѓе, а меѓу нив еден Јарец може да ви го промени животот.

Вага

Баш како и вашиот знак, април ќе биде доста избалансиран. Половина од времето ќе трошите за работа, половина за семејството, партнерот и дружењето со најблиските.

Доколку се појават какви било проблеми, без разлика дали дома или на работа, дајте им важност, решете ги веднаш, наместо да ги игнорирате и да оставите да станат поголеми.

Можно е кон средината на месецот да се чувствувате доста исцрпено и уморно, па затоа избегнете ги неважните работи и обврски или побарајте помош за нивно извршување. Компромисот и тимската работа практикувајте ги што почесто.

За припадниците на овој хороскопски знак, април е месец во кој ќе остварат нови пријателства, но и ќе се соочат со некои поранешни пријатели или партнери.

Скорпија

Месецов, Скорппите максимално ќе се посветат на своето семејство. Во секојдневните разговори ќе доминираат теми за одгледување и воспитување на деца, а некои женски припаднички на овој знак ќе се израдуваат на веста дека очекуваат принова.

За оние слободните, љубовта е на прагот. Ќе ја барате во високите социјални кругови, па не е исклучена можноста да го освоите срцето на некој влијателен човек.

Што се однесува до кариерата, ќе се случат некои мали промени кои ќе навестат позитивни промени. Април е одличен месец за оние Скорпии кои имаат намера да започнат сопствен бизнис.

Стрелец

Време е конечно да се соочите со семејните проблеми и што побрзо да најдете начин за да ги решите, а поставеноста на ѕвездите во текот на април ќе ви помогне во мисијата.

Потрудете се да го задржите мирот и стабилноста на вашите семејни врски. Внимателно одбирајте го секој збор, бидејќи од искра може да настане пожар. Слободните Стрелци и месецов ќе бидат во потрага по партнер, а големи се шансите да остварите врска со личност од странство.

Месецов, работната средина ќе ви биде омилена дестинација и ќе ја покажете цела ваша креативност и ентузијазам. Покажете се во најдобро светло бидејќии последната недела од април е ептен поволна за да побарате покачување на платата.

Јарец

За Јарците, април ќе биде време за промени. Многумина од нив ќе се осудат после долго време да направат радикални промени на нивниот изглед и стил. Некои ќе практикуваат здрави навики, како физичка активност, правилна исхрана и детоксикација на организмот.

Месецот ќе биде совршен за да поработите малку на себе, да пронајдете ново хоби, да се надградите професионално, но и духовно. Слободните Јарци ќе уживаат во корисни книги полни со совети.

Оние кои се во врска, ќе решаваат проблеми кои настанале од мала доза на љубомора и недоразбирања од минатото. За голем број од Јарците, април ќе биде пресуден и радикален. Некои ќе стават крај на врската, други ќе го постават судбоносното прашање.

Водолија

Во април, Водолиите конечно ќе сфатат дека самите се дизајнери на сопствениот живот и ќе се трудат со сите сили да достигнат одредени цели што ќе ги направи упорни и максимално посветени.

Дел од Водолиите ќе се одлучат за големи промени, па давајќи си отказ од сегашното работно место, ќе пробаат да си најдат среќата во сосем друга професија каде би имале помалку стрес и повеќе слободно време.

Со оглед на промените кои месецов ќе се случат, важно е да останете смирени и флексибилни кон другите.

На љубовно поле, април е добар за овој знак. Зафатените ќе уживаат во мирни и среќни моменти со партнерот, додека слободните ќе бараат партнери со кои ќе може да се поврзат на интелектуално ниво.

Риби

Во април, вниманието на Рибите ќе биде насочено кон работата и стекнување на нови приходи. Многу од Рибите ќе отпатуваат и надвор од земјата токму поради професионалните обврски. Некои од нив и конечно ќе си го реализират сонот за започнување на нов бизнис.

Сепак, добро е одвреме-навреме да ја намалувате брзината и да им посветите време на вашите блиски. Немојте да го запоставувате партнерот бидејќи тој ќе ви биде најголема морална поддршка за деловните одлуки кои месецов ќе мора да ги донесете.

Април не е поволен за склучување на нови врски, па затоа уживајте во сингл статусот и не се преоптеретувајте со идејата дека мора да бидете со некој. Користете го секој слободен миг за дружби и излегувања со пријателите.

 

Поврзани статии

Back to top button