Не прави ми бранови по душава те молам…биди ми ден, биди ми и ноќ!

Биди ми љубов, искрена, безусловна и полна со разбирање и спокој. Не прави ми бранови по душава те молам. Сакам вечно со тебе да сум. Сакам младоста да ти ја подарам, староста со тебе да ја минам. Биди ми еден и единствен, не оставај ми време премногу, не давај да ме украде некој. Биди ми ден, биди ми и ноќ. Полевај ја љубовта редовно со нежност и страсти. Не дозволувај да згаснеме, да згасне се што градевме, се што заедно поминавме. Сонот нека ни стане јаве. Или љуби ме или исчезни, молим те. Биди како мене, или гори или згасни, немој да тлееш. Не бидува љубов без посветеност и грижа. Сакај го животот, сакај го новото утро и сакај ме мене во него. Биди спремен да го превртиш светот наопаку ако е потребно за нас. Ти си ми љубов, ти си ми опсесија, ти си ми копнеж и ти си ми мислата на денот. Сакам се што чувствувам за тебе да ми е докажано дека вреди. Сакам да се милуваме, галиме и бакнуваме и кога кожава ќе ми виси, косата ќе ми опаѓа, очите ќе ми го губат видот, внуците ќе ми трчаат по дврот. Сакам сега одма, денес, утре, задутре, прекутре… Секогаш раката цврсто да ми ја држиш и да не помислиш да ја испуштиш. Светла точка ти на мене биди ми.

loading...