Тајниот италијански трик за витка линија

Италијанките се познати по тоа што максимално уживаат во храната, но ретко ќе сретнете дебела Италијанка иако секоја дама од оваа земја ужива во тестенини, вино, пица и сладолед. Тајната на нивната витка линија е во еден едноставен трик.

Кога и да имаат можност, одат да прошетаат. Обично, нивните прошетки траат по петнаесеттина минути. Некогаш шетаат и по неколку пати на ден и тоа најчесто после ручекот или вечерата. Во текот на прошетките, нема да ги видите како носат телефони со апликации кои им ги мерат чекорите и растојанието кои ги поминале. Италијанките на овие ритуални прошетки уживаат во сонцето, разговораат со соседите или пак, пешачат заедно со семејството, што е одлична прилика за дружење.

За тоа дека ваквите прошетки после оброк се корисни потврди и науката. Неодамна објавеното истражување во списанието “Diabetes Care” потврди дека три прошетки дневно од по дваесетина минути после секој оброк го намалуваат ризикот од дијабетис и кардиоваскуларни заболувања.

loading...