Совршени дестинации за меден месец

Свадбата заврши и сега е време да размислите каде би оделе на меден месец. Ваквото патување е еднаш во животот, затоа одберете дестинација на која не сте биле и која има што да ви понуди.

Ги одбравме најубавите хотелски комплекси во светот кои нудат вистинско доживување наречено „меден месец“

Six Senses Yao Noi

Сместен на островот Ko Yao Noi во заливот Phang Nga на Тајланд, овој хотел е место каде се е возможно, а особено нуди спектакулни глетки на изгрејсонце и зајдисонце. Ќе уживате во пливање, јога, спа – третмани, масажи и максимално уживање во луксуз.

Tivoli Palácio de Seteais

Ова место е идеално за оние кои сакаат мирен меден месец, далеку од очите на сите… Овој хотел кој се наоѓа во португалскиот град Синатра ќе ви го овозможи тоа. Ѕидовите се прекриени со мурали и ќе имате чувство како да патувате низ времето.

Kinsterna

Овој хотел се наоѓа на Пелепонез и вашиот меден месец ќе има вкус на маслини и вино. Хотелот е наоѓа на брдо и нуди фантастичен поглед кон Егејското море. Нуди и посебни апартмани за младоженци создадени како за меден месец. Надвор од хотелот имате можност да ги истражувате егзотичните и скриени плажи во околината.

Baros

Овој комплекс е за оние со малку подлабок џеб. Се наоѓа на Малдивите и нуди приватни џакузи и базени. Имате можност да пловите на брод на зајдисонце, да уживате во мирисот на океанот или пак да одберете неколку од илјадниците јадења кои се на менито.

loading...