Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Емилија Пендева

Рецептот за убав ден денеска со вас го споделува уникатната Емилија Пендева! 

Текот на денот секогаш ми го диктира првата мисла. Кога се будам пред аларм сум особено среќна. Секое утро најпрво се заблагодарувам за новиот ден. Многу ми е важно да не размислувам најпрво за обврските, туку да се посветам на мене и мојата енергија. После утринското кафе, без кое не смее да започне ниеден ден, практикувам медитација. Така ми е загарантирана смиреноста на мојот мозок и сум спремна за сите работни предизвици што ми следат. А најидеалните денови ми се кога имам прилика да се разбудам во природа, далеку од цивилизација и социјални мрежи, во комбинација со спортско качување на карпа.

Поврзани статии

Back to top button