Како да го зачувате оној кој е спремен да преплива море за вас?

Доволно е да најдете и да умеете да го задржите човекот кој е спремен да преплива море за вас, да искачи највисока планина и да симне по некоја ѕвезда токму за вас!

Не пребарувајте, не фаќајте се за кусур, туку научете да цените и да разликувате. Кога во нечии очи ќе го најдете мирот скротете се, не барајте уште, не талкајте. Бидете благодарни и секогаш секому возвраќајте со иста мера. Множете ја добрината, и полевајте ја со љубов. Доволен е еден, еден кој никогаш нема да се откаже од тоа вашето и од вас. Еден, кој и од најголемиот мрак ќе направи светлина полна зраци. Спакувајте го и подарете му го срцето, на тој кој умее да ве насмее и да ви го направи денот убав. Наполнете му го срцето, оти рацете секоја умее да му ги наполни. Љубете го, дополнувајте го, ценете го и почитувајте го. Никогаш не помислувајте да го замените, да го повредите или да го излажете!

loading...