КариераУбави совети

Дали работното искуство е поважно од дипломата?

Доколку моментално барате работа, знаете дека тоа е напорен и долг процес. Веројатно сте потрошиле часови за составување перфектно CV и мотивациони писма.

Но, се чини дека работодавците не обрнуваат многу внимание на одредени делови од вашите кратки биографии. Верувале или не, тоа е делот каде сте напишале какво образование имате и кои се обуки сте ги поминале.

Иако сте потрошиле години од вашиот живот и многу пари, дипломата е последното нешто кое го гледаат работодавците.

Директорката за човечки ресурси Амбра Бенџамин која со години прегледува биографии на потенцијални вработени во оваа огромна компанија за еден американски портал вели дека ставката со образование најчесто ја прескокнува, бидејќи според неа најважно е работното искуство.

Според неа, најголем дел од работодавците и менаџерите за човечки ресурси кога прегледуваат биографии на луѓе кои треба да ги вработат најмногу внимание обрнуваат на тоа каде се работеле кандидатите и какво е нивното искуство во врска со реалниот работен процес.

Поврзани статии

Back to top button