ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {17.07-23.07}

Прочитајте што предвидува хороскопот за неделата што следи!

ОВЕН

Бидете трпеливи, најдоброто допрва доаѓа. Многу претставници на овој хороскопски знак ќе се израдуваат на вериба, вест за бременост или ново работно место. Сепак, чувајте ја приватноста само за себе бидејќи не сакате да бидете тема за озборување.

БИК

Периодов живеете од денес за утре, но треба малку да застанете и да размислите за иднината. Дали сте навистина таму каде што сакате да сте? Доколку не, време е за промени! И најдолгиот пат започнува со краток чекор, само бидете храбри!

БЛИЗНАЦИ

Ви се навраќаат мисли за една поранешна љубов која била толку голема и своевремено невозможно. Ќе размислувате да ја прекинете сегашната врска и да се вратите во претходната. Што и да правите, бидете внимателни со зборовите, многу е лесно да повредите некој што ве сака.

РАК

Раковите оваа недела ќе имаат чувство дека времето не поминува. И со право, кога самите се заглавивте во куп обвсрки. Бидете себични со времето и не ветувајте нешто што не можете да го исполните. Потрудете се да најдете ново хови кое ќе ве ослободи од стресот.

ЛАВ

Грижете се за своето тело, тоа е единственото кое го имате. Крајно време е да намалите со пороците или во најдобар случај, да се откажете од нив. Убаво би било и ако малку се посветите на семејството и домашните проблеми, наместо постојано да бегате од нив.

ДЕВИЦА

Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате чудно. Но, тоа е само привид. Сконцентрирајте се на работата, како не би донеле избрзани одлуки на љубовен план за кои подоцна ќе се каете.

ВАГА

Вагите оваа недела ги очекува картака летна авантура која нема изгледи дека ќе прерасне во нешто посериозно. Бидете свесни и разликувајте ги потенцијалните партнери во зависност од тоа што сакаат и очекуваат од вас.

СКОРПИЈА

Кога станува збор за кариерата, ова е ваша недела! Пред вас се деловни одлуки и потези за кои сонувавте. Сега е мигот да ги покажете своето знаење и вештини. Од вас ќе се очекува да покажете лидерски способности пред другите. На љубоовен план, ќе биде мирно.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците оваа недела ги очекува патување надвор од градот или земјата. За некои од нив, ова патување ќе биде пресудно бидејќи би можело да запознаат личност со која би оствариле љубовна врска. Што и да правите оваа недела, ќе имате голема поддршка од семејството.

ЈАРЕЦ

Нема потреба од многу грижи и онака со анксиозност не ги решавате проблемите, туку само создавате нови. Сконцентрирајте се на работното место и внимавајте да не направите некоја грешка. Многу од Јарците оваа недела ќе бидат во потрага на партнер.

ВОДОЛИЈА 

Водолиите оваа недела ќе бидат посветени на партнерот и ќе подготвуваат романтични изненадувања. На работа не ве очекува ништо ново, освен некои ситни недоразбирања со клиенти за оние Водолии кои работат со луѓе.

РИБИ

Ова ќе биде недела на преиспитување на вашите одлуки, зборови, дела и пријателства и целиот тој процес ќе ви биде од голема корист бидејќи конечно ќе успеете да се ослободите од отровните луѓе и ќе ви помогне во иднина да не избрзувате кога донесувате некоја важна одлука.

Поврзани статии

Back to top button