ЖивотУбави совети

Со која песна ќе започне вашата свадба?

Во втората половина од април, веднаш по големиот празник Велигден, започнува сезоната на свадби. За многу од нашите читатели, оваа свадбена сезона ќе биде една од најубавите. Некои ќе се радуваат на свадбите на своите блиски роднини и омилени пријатели, а некои од вас веројатно токму оваа пролет или лето ќе го имаат најважниот ден во животот.

Оние кои подготвуваат свадба секогаш се соочуваат со големи дилеми, кој фотограф да го одберат, како да ја декорираат салата, како да ги распоредот гостите и слично. Но, најубавата и најслатка дилема е секако онаа околу песната за првиот свадбен танц.

Песната за првото танго со човекот или жената на вашиот живот треба да ја одберете внимателно, да биде мелодија која ќе пробуди емоции кај оние што танцуваат, но и кај гостите кои ќе бидат воодушевени сведоци на најубавиот танц во животот на еден човек и да има текст кој е соодветен за чинот.

Тргнете ги настрана популарните или стандарните песни кои ги слушате на секоја свадба. Одберете нешто поинакво, емотивно и моќно!

Кога се венчавате со некого, тогаш со сигурност знаете дека токму таа е личноста со која сакате да остарите, да имате деца, да се радувате на внуци и знаете дека најдоброто што ви се случило во животот е токму изборот на брачен партнер.

Го имавте ли она чувство дека кога се вљубивте во него како да ве огреало силно сонце? Стиви Вондер има добра песна за тоа…

Во бракот, важно е да имате сон дека секогаш ќе се љубите како првиот ден. И секојдневно треба да го остварувате тој сон.

Уште една тема од анимиран филм која е фантастичен избор за првиот свадбен танц. На вистинскиот само треба да му верувате и тој ќе ви покаже цел еден нов свет, волшебен и љубовен!

Емотивен дует кој ја слави љубовта. Онаа вистинската која ја славите и вие на вашиот голем ден.

Вистинската ќе ти биде баш сè! Мајкл Бубле и неговата тема “Everything” нека биде вашиот избор за првиот танц на свадбениот подиум.

Секогаш кога ќе се прегрнете да се чувствувате како да сте дома. И секогаш да си се сакате.

Поврзани статии

Back to top button