После сите порази време е за победа!

Животот никогаш не ме разглалувал, уште од раното детство тој ми задаваше удари. Затоа често пати се надевам на среќа. После сите падови и порази време е и среќа да осетам што е. Верувам дека среќата ќе ми се насмевне барем кога станува збор за љубов. Пораснав борејќи се, трудејки се и насмевнувајќи се на сила. Но, надежта никогаш не ме напушти. Секоја мака ја дочекував спремен и со мисла дека после неа ми следи награда, ми следи среќа. На повеќето луѓе помислата на детството ги прави спокојни и среќни, но, кај мене тоа чувство е сосем спротивно. Проблем врз проблем се нижеа како бисери. Темни и горчливи бисери. Животот го преживував, ретко го живеев. Благодарение на социјалните мрежи ја запознав неа. Од нејзините очи претекуваше мир, зрачеше среќа и топлина. По првата средба, после денови и денови муабети, јас знаев дека таа ќе биде мајка на моите деца. Толку присебна, полна со грижа и разбирање, преполна со љубов е мојата сегашна жена. По се што копнеев во минатото, се добив со неа, дури и повеќе од што можев да замислам. Со гордост можам да кажам дека сме во исчекување на првото дете. Дете кое нема да расте како својот татко, туку во љубов и вистински дом. Среќен сум што ја најдов, што знаев да ја зачувам и што ја имам оваа жена во мојот живот. Само миг е потребен да се сврти се наопаку, да тргне на добро. Никогаш не губете ја вербата во Бог. Тој ви дава маки онолку тешки колку што знае дека можете да издржите. Тој чува нешто посебно добро токму за вас. Во право време и на право место ќе ви подари среќа. Верувајте, се ќе си дојде на свое место, еден ден, ден прекрасен!

loading...