Зошто најдобрите вработени често си даваат отказ?

По некое непишано правило, најдобрите работници често знаат да си дадат отказ и да си ја побараат среќата на некое друго работно место.

Причини за ваквата постапка има многу, а во најголема мера за ваквата одлука придонесува однесувањето на претпоставените.

Скоро во секоја компанија постои по некој вработен кој секогаш доаѓа пред почетокот на работното време, останува час-два по завршувањето на работното време, ретко прави грешки, максимално е сконцентриран на своите задачи, а не ретко се случува да ја доработува и работата на своите колеги или да ги поправа нивните грешки. И додека ваквата ситуација знае да биде одлична за останатите колеги, за оној вредниот таа и не баш најсјајна и само прашање на време е која капка ќе ја прелие чашата.

Ако се прашувате зошто најдобрите работници најчесто си даваат отказ, еве ги причините:

  • Знаат дека се добри. И знаат дека тоа и баш многу не се цени во компанијата каде што се, па си даваат отказ. Веруваат во себе и знаат дека веднаш ќе најдат подобра и поплатена работа.
  • Им е смачено од тоа тие да работат дупло повеќе од колегите, а притоа да се исто платени. Кога станува збор за покачување, шефот се прави дека не слуша. Најдобрата опција е да си заминат, наместо да ги губат нервите.
  • Постојано добиваат нови задолженија за кои не се дополнително платени. А, ги добиваат токму поради тоа што се најдобри и претпоставените знаат дека работата ќе биде експресно и точно завршена.
  • Не добиваат стимулација. Доколку сакаат шефовите да ги задржат во својата компанија најдобрите работници треба постојано да ги стимулираат и мотивираат со награди, покачувања на плата, бонуси, награди…
  • Најдобрите работници не сакаат аплаузи и пофалби за својата работа. Тие само сакаат нивната плата да биде пропорционална со обврските. И мразат неправди!

Па така, често се случува компаниите да ги изгубат некои од најдобрите вработени затоа што ги заглавиле во куп глупави обврски, унапредувале вработени кои не заслужиле и не се грижеле за реалната слика околу тоа кој навистина работи во фирмата и колку.

loading...