Рецепт за убав ден на Ангела Гелинческа

Мојот рецепт за убав ден секогаш започнува со утрински кардио вежби. Одлично е за да се расонам и да го размрдам телото. Бидејќи сум цело време активна и не можам да се замислам да седам во едно место повеќе од две минути, по кардио, веднаш подготвувам храна за целиот ден (кој ми е организиран до секунда). Тоа е првата состојка. Друга главна состојка во мојот рецепт е ТАНЦОТ, кој освен физичка активност, бара и душа и срце. Тука се сите личности кои сакам да ги гледам и сите што ме инспирираат, мотивираат и пред сè поддржуваат. Наредни состојки: аеробик, теретана и уште кардио (never enough). Многу до сега би кажале „па тоа е премногу“, но тоа мене ме исполнува, тоа е дел од мене не само поради тоа што сум дипломирана професорка по физичко образование, спорт и здравје, туку го работам со огромна љубов. А сè што се работи со љубов, далеку се гледа! 🙂
Како јагода на шлагот… спиење!
Ова е мојот рецепт за МОЈОТ убав ден. А ако требаше да пишувам за мојот „совршен” ден… дефинитивно да го преспијам цел.

loading...