Животот нема реприза!

Треба да бидете среќни за секој миг. Да го живеете максимално. Животот е еден и нема реприза.

За да живеете што поуспешно, еве што би требало да знаете:

Боите имаат важно влијание брз душевното здравје, иако често не сме свесни за тоа. Голем број психолошки и медицински истражувања довеле до сознанието дека бојата не треба да ја третираме како моден фактор, туку како многу значаен фактор на психичката состојба на човекот. Ако правилно се окружите со бои, можете многу да го поправите своето расположение, да воспоставите емоционална хармонија, да бидете повеќе релаксирани и опуштени па дури и подобро да помните. Музиката веќе илјадници години се поврзува со среќата и здравјето. Современите истражувања докажуваат дека музиката може да го отстраи стресот, да го намали крвниот притисок и да ја ублажи болката. Не дозволувајте брзиот начин на живот да ви влијае врз расположението и врз животните одлуки. Опкружете се со весели бои, бои на љубовта и животот. Појачајте го гласот на радиото и танцувајте. Сакајте се самите себе си најмногу. Сакајте го животот и посвете му се, оти само тој нема реприза.

loading...