Отстранете ја болката во текот на менструалниот циклус

Повеќе од половина жени во текот на менструацијата ги мачи болка. Кај 10% болките се толку силни што сериозно ги загрозуваат секојдневните активности. Болките во текот на менструацијата претежно се грчеви на мускулите на матката предизвикани од промените на нивото на хемиските материи во организмот што се викаат простагландини. Чест причинител на тие промени е стресот, но може да се работи и за еднометриоза, ширење на слузокожата на матката.

Многу медицински стручњаци во последно време тврдат дека класичните третмани (лекови) се премногу драстични и дека менструалните болки може да се лекуваат со алтернативни методи, без непотребно внесување на хемија во организмот.

Па што може да направите сами за да ја намалите и елиминирате оваа мака?

Пред се сменете го начинот на исхрана. Жените со болни менструации мораат да избегнуваат кофеин, шеќери, сол и алкохол. Солта ја задржува водата и го поттикнува чувството на надуеност и непријатност, а кофеинот ги поттикнува контрациите на мускулите.

Некои растенија дејствуваат врз матката како тоник. Семињата, костенливото овошје, чајот од малини, со засилено внесување на витамин Е, магнезиум, витамин Б3 и Б6.

Црвеното месо треба да се замени со бело. Масните киселини во скушата или во туната го зголемуваат количеството на простагландините што дејствуваат против грчеви и ја намалуваат болката.

Контролирањето на телесните функции (дишењето, пулсот и притисокот) и нивното доведување во оптимална состојба со вежби за опуштање, исто така, може да ги намали болките и грчевите.

И акупунктурата може да ги олесни менструалните тегоби. Овој кинески метод, што е се повеќе прифатен и од официјалната медицина, со забодување на игли во одредени точки ги воспоставува нарушените енергетски патишта и ја ублажува болката.

loading...