Најколоритните места ширум светот

Ве носиме на една виртуелна прошетка низ светот за заедно да ги откриеме најшарените места кои постојат. Тие се главна атракција за многу туристи и веднаш го подобруваат расположението! 🙂

Улицата Луис де Камоес во Агуеда, Португалија

Со сигурност сте виделе фотки од оваа улица. Чадорите поставени над оваа улица за брзо време станаа главна туристичка атракција.

Чефчауен, Мароко

Овој град е познат како градот обоен во сино. Сината боја одлично се вклопува со цветните аранжмани и шарените саксии кои ги има низ цел град.

Предградието Белат, Истанбул

Во овој дел од градот ќе ве маѓепсаат куќите во сите бои кои наликуваат како да се направени за снимање на некоја анимирана приказна…

Кваротот Олд Сан Хуан во Порторики

И овде боите се заштитен знак и нема да најдете две куќи обоени во иста нијанса.

https://www.instagram.com/p/BXJ5ROiD5py/

Ла Бока, Буенос Аирес

И ова предградие е познато по своето шаренило и е примамливо за туристите кои доаѓаат во Аргентина.

Кејптаун, Јужна Африка

Делот од Кејптаун, Бо-каап ќе ве воодушеви токму поради изобилството од бои.

https://www.instagram.com/p/BXLYojohjuf/

loading...