Каде ја барате среќата?

Во денешно време, секој од нас бара некоја формула за да биде среќен.
Додека ја бараме, забораваме што навистина е среќата.
На крајот од денот се фаќаме себеси, уморни и очајни, легнати на кревет по уште еден неуспешен обид во потрага по среќата.
И забораваме дека да се биде среќен е многу едноставно…

  • Последниве децении со развојот на технологијата, заборавивме на природата. Вратете и се, одете боси по меката трева, вдишете го мирисот на липите и боровите, на шумските јагоди… Допрете ја природата. Одморете го умот покрај некоја река со исклучен мобилен телефон.
  • Верувајте дека Универзумот има големи планови за Вас, дури и во оние мигови кога не верувате ниту во себе!
  • И додека магистрираме и докторираме, забораваме на мудростите од нашите баби и дедовци кои се толку едноставни, а во себе ги кријат најголемите вистини на светов!
  • Несреќни сме затоа што престанавме да сонувавме. Се плашиме да ги оствариме нашите соништа. А, потребно е да направиме само еден чекор кон реализација на соништата. Оти како што рекол Егзипери, и патувањето долго илјада километри, започнува со еден чекор.
  • За да бидеме среќни, треба да љубиме. А, често забораваме поради многуте обврски и големиот стрес. Одвреме – навреме не покажуваме љубов оти стравуваме дека ќе бидеме повредени. А, нема целосна среќа без љубов! Затоа, љубете силно со секоја ваша клетка.
  • Заборавивме и да простуваме. А, простуваат само големите срца. Така се ослободуваат од тежините и се чувствуваат слободни.
  • Престанете да им робувате на навиките и обврските. Прекршете ги правилата. Еднаш се живее! Бидете слободни, бидете тоа што сте, сега и тука, без страв и чувство на вина. Симнете ја маската која ја носите поради тоа општеството да биде задоволно од вас.
  • Ги комплицираме нештата за да бидат поубави, додека стануваме се понесреќни. Доцна дознаваме дека убавината е во едноставноста. Исфрлете го непотребното од умот, душата и домот за да бидете среќни.

 

loading...