Рецепт за убав ден на Соња Николовска

Во рубриката „Рецепт за убав ден“ денеска се дружиме со Соња Николовска, млада девојка која ни откри кои состојки ги има нејзиниот рецепт за убав ден.

Еве го мојот рецепт за убав ден:

Состојки:

– Насмевки,

– Среќни и сакани ликови кои секојдневно ме опкружуваат,

– Позитивна енергија,

– Многу љубов,

– Завршени работни обврски,

– Одличен тренинг,

– По некој добар статус, селфи, сликичка или песна на фб, инстраграм или твитер (неизбежно во денешницава)

– И секако по некоја жолта ракија и салатка со другарите… Сè тоа добро измешано и зачинето со вечерните моменти во домот со најблиските, по некоја прочитана страна од добра книга пред спиење…

loading...