Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ема Димитрова

Не сите девојки сакаат викендите да ги поминуваат по кафулиња, има и такви кои сакаат да планинарат. Запознајте ја Ема Димитрова!

За мене најубави денови се оние во викенд, па затоа ќе го споделам рецептот за убав викенд. Викенд е делот од неделата кога згаснуваат работните обврски. Секој слободен викенд мора да се испланира убаво, па затоа се бара авантуристичка екипа, интересно место, се проверува временска прогноза и денот може да започне. Планина, чист воздух, зеленило, студена изворска вода, поглед кон зелена шума(т.н. фабрика за кислород) една шолја топло нескафе е правиот рецепт за убав ден. Потоа следи прошетка по ридот,  доколку има кворум може да се искачи некој локален врв 🙂 калориии се трошат, шарени букети од цвекиња се аранжираат, позитивниот дух и смеа не престануваат се додека раскошниот поглед го има во изобилство. По шетањето, ке се сврти некоја скара, а кога сонцето ке почне да заоѓа, тоа е знак дека убавиот ден завршува и на пат до дома се крцка некоја нова дестинација. Секако, дел од рецептот за убав ден е и аеробикот без кој не би можела да функционирам.

Поврзани статии

Back to top button