Интервју со Момчило Куфојанакис: Целиот универзум е една голема музичка кутија!

Би сакале да ве запознаеме одблиску со Момчило Куфојанакис, еден од најталентираните виолинисти во нашата земја. Иако со својата работа го има пропатувано светот и добил многу аплаузи, тој е скромен и едноставен, за што свдочи и ова интервју.

Ubavo.mk: Од каде љубовта кон музиката?

Љубовта кон музиката… Ох, сложено прашање, се замислив сега… Секако има влијание тоа што потекнувам од музичка фамилија, но откога паметам за себе, од најрана возраст, се сеќавам дека пред сè ме привлекувале звуците од природата… Всушност и сè е музика, целиот универзум, сè што се случува е една голема музичка кутија во која има бесконечно многу звуци, пораки, некогаш радосни, некогаш тажни…

Ubavo.mk: Која композиција ви е омилена и секогаш ја изведувате со големо задоволство?

Не можам да одредам една омилена. Во различен период и етапи од животот сум имал различни омилени композиции…:)

Ubavo.mk: Студиравте во Скопје, а магистерските студии ги завршивте во Русија? Каква земја е Русија, што најмногу ви се допадна таму?

Пред сè, прво што ми паѓа на памет кога ќе помислам на Русија е нејзината големина, не физичка, туку духовна… По тоа секогаш ќе ја паметам.

Ubavo.mk: Со кој музичар би сакале еден ден да ја делите сцената?

Григориј Соколов.

Ubavo.mk: Има ли Македонија публика за следење на концерти на класична музика? Што би требало да се промени?

За жал, реалноста е дека нема доволно публика. А потребни се коренити промени. Сведоци сме дека кичот и шундот заради профитот уништуваат и газат сè пред себе. Ако некогаш било престиж да се занимаваш со која било уметност денес поради многуте проблеми во кои секојдневно тоне нашето општество класичната музика е фрлена, заборавена, запоставена.

Ubavo.mk: Сте патувале многу поради професијата. Кои се дестинациите во кои сте вљубени и би се вратиле таму уште еднаш?

Санкт Петерсбург, Русија.

Ubavo.mk: Што е за вас дефиниција за убавина?

Оф, и тука ќе морам да бидам краток а би пишувал можеби бесконечно. Еве сега сме на почеток на пролетта и ја гледаме убавината на природата. Сè е убаво, сè се раѓа повторно, се возобнува, птици, полен, радост… Колку е прекрасен и убав Бог?

Ubavo.mk: Кој е вашиот рецепт за убав ден?

Една лажица мед и една чаша убав зелен чај 🙂

Ubavo.mk: Кои се вашите идни планови?

Конкретни планови немам, но што и да е добредојдено е, оставам се да биде по волја Божја.

 

loading...