Што ти треба за среќа?

Мислиме дека среќата е во големите и скапи работи. Забораваме дека најубавите нешта се оние најмалите кои и се најважни за да имаме среќен и исполнет живот. За да бидеш среќен, малку ти треба!

Ти треба кафе за да се расониш и да тргнеш во освојување на светот!

Ти треба време за да ги завршиш сите обврски. Но, и време за сонување, радување, љубење. Времето сите го имаме, но не сите го користиме мудро!

Ти треба некој да го држиш за рака, некој да гушнеш, некој да бакнеш за добра ноќ…

Ти треба нешто вкусно и здраво за да си ги наполниш батериите!

Ти треба топла када и чаша вино за опуштање по долгиот ден…

Ти треба дремка и растегнување после неа. Ти треба долг ноќен сон на штотуку испрана постелнина и во твоите омилени пижами! Ете, за среќа, толку ти треба! 🙂

loading...