Оној кој ќе престане да учи, старее, без разлика дали има 20 или 80 години!

Учебната година започна. Децата се враќаат во училишните клупи и треба ние, како возрасни постојано да ги мотивираме да го сакаат учењето, книгите… Да им бидеме инспирација секогаш да откриваат, да прашуваат, никогаш да не престанат да учат.

Зошто учењето е добро? Споделуваме моќни мисли на најголемите умови од историјата…

„Образованието не се состои од тоа колку сте запомниле или колку знаете. Туку, се состои од тоа да разликувате колку знаете, а колку не знаете.“ – Анатал Франс

„Најдобро кај учењето е што знаењето никој, никогаш не може да ти го земе“ – Б.Б.Кинг.

„Инвестирањето во знаење ги плаќа најдобрите камати.“- Бенџамин франклин

„Мана на многу луѓе е што сакаат да бидат учители на другите, а всушност тие уште долго треба да бидат ученици.“- Спиноза

„Човекот кој не чита добри книги нема никаква предност над човекот кој воопшто не знае да чита.“ – Марк Твен

„Најголемата надеж на секоја земја лежи во доброто образование на младите“ – Еразмо

„Човекот кој никогаш не одел на училиште може да краде од товарен вагон, а човекот кој поседува универзитетска диплома може да ја украде целата пруга.“ –  Теодор Рузвелт

„Образованието не претставува подготовка за животот. Самото образование е животот.“ – Џон Дјуи

„Немојте да ги ограничите децата само на она што вие го имате научено, затоа што денешните деца се родени во друго време.“ – Тагоре

„Земја која не ги образува и подучува жените е иста како маж кој ја вежба само десната рака.“ – Јустен Гордер

„Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот.“ – Конфучиј

„Колку и да чинат библиотеките, цената е многу ниска во споредба со онаа на глупавиот народ.“ – Волтер Кронкајт

„Оној што ќе ја отвори училишната врата, го затвора затворот.“ – Виктор Иго

„Знаењето ќе ви даде можност да направите промена.“ – Клер Фагин

„Оној кој ќе престане да учи, старее, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној кој постојано учи, останува млад.“ – Хенри Форд

loading...