Кога во погрешно време ќе дадеш отказ…

Постојат голем број случаеви кога треба да ја задржите работата и вашата корка леб.

Одреден број жени обично ја напуштаат работата ако се омажат за некој кој има повеќе финансии. Работата не е само важна поради платата. Работата е важна и за самодовербата и за ставот. Жена која зависи сама од себе и која со свој труд го заработува своето парче леб е многу повеќе ценета и вредна од оние кои едвај чекаат да кренат нозе во вис и да уживаат.

Исто така, има и онакви кои ја напуштаат работата кога ќе се остварат во животот како мајки, за да се посветат своите деца даваат отказ. Можеби ова е, во некои случаи, оправдана причина, но немојте да го разгалите своето дете. Научете го и него на обврски, носете го во градинка, нека стекне пријателства од мали нозе, нека добие ред на живот.

Не се случува често, но некои се одлучуваат да дадат отказ кога ќе дојдат до поголема сума на пари, од наследство или на друг начин. Не смее да си дозволите денес да живеете како крал за утре да живеете како питач.

Голем број работници кои работат во големи фирми се одлучуваат да земат отприемнина и ја напуштат работата. Ова е исто така делумна грешка ако тие имале редовна плата или ако не биле пред пензионирање. Многумина од нив се покајале со текот на времето, бидејќи парите биле потрошени, а тие останале и без работа и без здравствено осигурување.

loading...