Од насУбави муабети

Милион причини поради кои го љубам безрезервно

Го љубам поради бакнежите од кои веднаш зовривам, образите секундарно пеколно ми се вцрвенуваат, а во стомакот ми се разбеснуваат убави пеперутки.

Го љубам поради тоа што ме љуби со цело свое битие.

Го љубам поради начинот на кој знае да ми го убие стравот.

Го љубам поради непредвидливите прегратки од зад грб.

Го љубам поради долгите бакнежи.

Го љубам и кога не е расположен за бакнување, туку само за гушкање.

Го љубам поради некогаш заредените повици во текот на половина час.

Го љубам поради неговото искуство и неговиот цинизам.

Го љубам поради грижливоста и неговата груба нежност. Го љубам кога ме љуби поспана и разбушавена.

Го љубам поради тоа што ме остава да се поднапијам, а потоа ме трпи и кога се глупирам и лигавам.

Го љубам поради тоа што му ги обожувам бакнежите од зад грб додека спијам.

Го љубам поради тоа што тој знае да ме однесе до врвот и несебично да ме остави да уживам.

Го љубам и поради неговите години и самодовербата за која тој не е свесен.

Го љубам поради тоа што само тој може да ме трпи кога со часови молчам, кога се лутам, а и кога зборувам како навиена.

Го љубам поради тоа што мојот свет без него не е цел.

Го љубам поради тоа што без него се ме боли.

Го љубам поради тоа што знае за минутка да ме расплаче и за исто толку време да ме насмее.

Го љубам поради тоа што се бори за нас, за нашето.

Го љубам поради тоа што е свесен дека не сме нешто што поминува.

Го љубам поради тоа што ме научи да се љубам сама себе најмногу.

Поврзани статии

Back to top button