Туѓите предрасуди ми го уништија животот!

Понекогаш, да не речам често околностите кои животот ни ги задава ги пречекуваме неспремни и без идеа што понатака. Никој не може да претпостави што носи новиот ден, што носи наредната ноќ…

Само едно ќе кажам, успешно ги пречекав сите предизвици, сите порази ги прифатив храбро, сите победи ги прославив тивко. Но, некаде згрешив. Сега точно знам каде, иако можеби веќе е касно. Згрешив кога дозволив туѓите предрасуди и трачарски муабети да влијаат на мене. Да допринесат за моите одлуки да бидат вакви или онакви. Да правам работи за кои сум свесна дека се грешки само за да не бидам озборувана. После сите порази јас сфатив дека животов е мој и само мој. Сама дојдов, сама и ќе заминам од овој свет. Решив, ќе живеам онака како што јас сакам.

Не правете ја мојата грешка, ве преколнувам. Не живејте за другите.  Нека не ве интересира што ќе кажат комшиите, роднините, пријателите и непријателите. Луѓето такви се, секогаш ќе озборуваат, туѓа мака гледаат свој леб јадат.

Кога нешто силно сакате пешки поминете планина, мачете се, но не откажувајте се. Чекорете напред, свесно и гордо.

 

loading...