Каква е вашата врска?

Научниците од Универзитетот во Илионис спровеле едно интересно истражување во кое учество зеле 376 парови. После 9 месеци следење на нивните навики, комуникација и однесување, научниците заклучиле дека постојат само 4 вида на љубовни врски.

Тип бр. 1: Конфликтни и страсни

Поминуваат многу време заедно. Често се расправаат и веднаш се смируваат, најчесто во кревет. Нивото на нивните емоции често се менува. Често се во комплицирани фази. Еден ден раскинуваат, веќе следниот најавуваат веридба.

Тип бр. 2: Љубители на драмите

Имаат многу подеми и падови во врските. Постојано си префрлуваат дури и за работи кои се случиле пред месеци или години. Носат избрзани одлуки. Водат инает еден на друг.

Тип бр. 3: Постојано забавни

Наместо очи в очи, комуницираат преку социјалните мрежи.  Нивната врска повеќе е пријателска, отколку љубовна. Ретко кога се сами. Скоро сите пријатели им се заеднички. Најчесто се по клубовите и рестораните.

Тип бр. 4: Насочени еден кон друг

Имаат заеднички цели и интереси. Имаат исти ставови за важни прашања. Донесуваат одлуки по долго размислување и смирен разговор. Ретко се дерат еден на друг. Бараат компромиси. Се прифаќаат такви какви што се.

Научниците сметаат дека првите два типа на парови често раскинуваат и нивните врски колку и да траат не водат до брак или доколку се случи да стапнат на лудиот камен, тоа крае неколку месеци или година до две. Вторите два вида имаат големи шанси да остарат заедно и да создадат цврста заедница.

loading...