Први април – ден кога сите се шегуваат

Светот денес го празнува првиот ден од април кој е познат како светски ден на шегата. Не постојат сигурни и релевантни информации за тоа како и каде настанало празнувањето на овој ден и кога за првпат се прославил.

Некои историски извори велат дека празникот почнал да се слави уште во 14. век во Франција како ден на кој требало сите да се пошегуваат, да се забавуваат и да бидат весели.

Традиционално, на овој ден треба да измамите некого или да му направите шега на негова сметка. Ширум светот, на овој ден и најсериозните медиуми знаат да објават по некоја шега. Низ историјата најпозната е шегата која датира од 1957. година кога светски познатата медиумска куќа BBC прикажа документарен филм со кој сакаше да ги убеди луѓето дека во Швајцарија шпагетите растат на дрво. Многумина биле измамеми, а продавниците во Велика Британија преполни со купувачи кои барале од „шпагетите кои растат на дрво“.

Па, на кого денеска ќе му направите априли-лили?

loading...