Душите се среќаваат и се препознаваат веднаш!

Љубов – тоа е препознавање. Се препознаваме едни со други во овој живот. Душите се среќаваат и се препознаваат меѓу себе. И повторно сакаат да бидат заедно. Сакаат секогаш да го чувствуваат тоа возвишено и прекрасно чувствто. Од првиот поглед се е јасно како ден. Од самото запознавање со искрена душа слична на вашата се ви станува јасно. Доволен е поглед.

И, нема потреба да се грижите дека ќе ја пропуштите, одминете или нема да ја препознаете љубовта. Верувајте ми, ви ветувам. И возраста не е важна. Понекогаш во шеесеттите години се препознава. И староста воопшто не е важна. Годините се само обични бројки и ништо повеќе.

Најважно е да бидете внимателни и да им верувате на своите чувства. И никогаш не престанувајте да верувате во љубовта. Ако се уште се нема појавено, ќе се појави, кога тогаш, а вие цврсто ќе ја прегрнете и ќе и се препуштите.

Со цело срце ви посакувам да љубите и да бидете љубени силно. За љубовта вреди да се живее!

loading...