Нема логика да работите нешто што не го сакате?

Факт е дека во денешно време навистина е тешко да се најде работа која ќе ви биде интересна и добро платена.

И факт е дека понекогаш се чудите како некои луѓе си ја обожуваат својата работа. Тие не се повеќе вредни од вас, само биле малку покреативни и пологични во постапките. Што би требало да направите за да стигнете до добра работа?

Најнапред, престанете да аплицирате на огласи кои не се за вас и да се надевате дека ќе работите работа која ја мразите од дното на душата само поради тоа што платата би ви била за илјада денари повисока од онаа што сега ја земате. Која е поентата да работите нешто што не го сакате? Оти, запомнете, тоа е нешто што треба да го правите по осум часа секој ден. Со оглед на тоа дека спиеме шест до осучм часа, ви остануваат само осум часа за она што навистина го сакате. Доволни се?

Истражувајте го пазарот и откријте кое работно место би ве направило среќни. Наместо само да седите дома и да се жалите дека немате работа, искористете го времето за учење на нови вештини и преквалификација. Запишете се на некој курс. Не, не ви требаат пари. На интерент има мал милион курсеви од сите области кои се бесплатни, само треба да прогуглате.

И на крај, направете нешто! Работите не паѓаат од небо. Работите не стигаат до вас, вие одите кон нив.

За што и да сонувате, направете го!  Дали ќе стане збор за мала фирма, рачно изработени производи или блог, едноставно мора да го покажете својот талент. Дури и да имате работа која ја работите од 8 до 16 часот, покажете му на светот што знаете. Освен што може да имате дополнителн приход, ќе имате и неповторлива можност да го работите токму она што го сакате!

 

loading...