Понеделник и не е така лош ден!

Влегувам во канцеларија и сите намуртени. Тажни што баш денеска било понеделник!

Почетокот на неделата знае да биде стресен, особено по враќањето на работа после релаксиран викенд.

Но, понеделникот не треба да го сфаќате како крај на светот. Имате толку причини за да се радувате на денов:

  • Бидете благодарни што се враќате на работа! Знаете ли колку луѓе не можат да најдат работа и живеат во сиромаштија?
  • Надвор е сончево…
  • Денес добивте шанса да промените нешто што не ви се допаѓа…
  • Денес имате шанса да направите добро дело. Помогнете му некому, донирајте нешто.
  • После работа, не брзајте кон дома. Почестете се со пијалак или нова чанта.
  • Добро е што има само еден понедлник во неделата! 🙂
  • Размислете, понеделникот и не е така лош ден. што да речат оние луѓе кои работат и во недела, и на празник и дење и ноќе…

И запомнете, понеделникот ќе помине! На вас останува дали ќе го испратите со насмевка!

loading...