Вистинската жена не трча по среќата, не трча по никого и по ништо!

Неколку вистини за ВИСТИНСКАТА жена! 

Вистинската жена не трча по никого и по ништо. Трчањето по среќа е најпопуларниот, но и најглупавиот спорт. Сите ние трчаме некаде. Кон светла иднина, утре, следната година и така натаму. Вистинската жена не се занимава со овој вид “спорт”. Таа плива низ живот, секогаш живее во денешниот ден. Сегашноста и е најинтересна и најважна работа. Се разбира, има планови за иднината, но не го одложува животот за утре. Таа не очекува нејзиниот вистински живот да започне кога таа конечно ќе ослабне, кога принцот ќе дојде, кога околностите ќе се подобрат. Таа живее сега. Да се биде вистинска жена е привилегија, и таа тоа го знае. Таа е внимателна кон фактот дека е родена како жена и дека во неа има посебна вредност. Се сака и почитува себе си за да може да ги сака и почитува останатите личности во нејзиниот живот. Вистинската жена живее по свое темпо. Кога живеете бавно немате чувство дека живеете живот, кога живеете пребрзо немате време да го почувствувате животот. Секој од нас треба да има свое темпо на живот. Вистинската жена го ужива и живее максимално своето зададено темпо. Таа секогаш себе си си е на прво место. Ова не значи дека е себична, цинична или индиферентна. Таа не вели “да” ако нејзиното срце говори “не”. И секогаш се слуша себеси и им верува на своите чувства. На осаменоста вистинската жена гледа како на награда. Таа не сака во нејзиниот живот да влезат мажи или познаници со кои не се чувствува пријатно и удобно само за да го поплни времето и да не биде сама. Таа ужива во слободата, таа ужива сама со себе.

loading...