Големите луѓе не ги комплицираат нештата!

Има мали луѓе. Има и големи!

Ситните души комплицираат, сакаат да покажат моќ, ја користат секоја ситуација за да го зголемат своето влијание, не бираат начини како да се докажат, сакаат да им бидете наклонети. Големите пак, не ги комплицираат нештата, веруваат во моќта на едноставноста, ја гледаат големината во секој човек, а не неговата диплома или функција.

Малите ќе те остават да го чекаш нивниот одговор, ќе направат да чувствуваш дека зависиш од нив, ќе ти создадат непотребна нервоза, ќе глумат жртви, ќе те уценуваат, манипулираат, злоупотребуваат!

Големите ќе направат се за да ти помогнат, без да очекуваат нешто за возврат. Ќе направат срцето да ти заигра од радост. Нема да калкулираат. Во тебе ќе гледаат добрина, а не шанса за нивна корист. Ќе ти покажат колку си вреден. Ќе ти ја кажуваат вистината колку и да е болна. И ќе те сакаат се секоја нивна клетка!

 

loading...