Вкусна идеја за денешниот ручек

Потребни ви се следниве намирници: 300 гр. пилешко месо исецкано на коцки, 400 гр. шпагети, 100 гр. пченка, 100 гр ситно исецкана залка, 1 исецкан домат, сол, бибер, масло, 2 лажици кечап и малку лук

Шпагетите сварете ги во солена вода на стандарден начин и тргнете ги настрана. Во длабока тава, на малку масло ставете го месото да се пропржи заедно со малку лук. Потоа додадете ги зачините и малку лук. По петнаесетина минути додајте ги пченката и доматот. Доколку има потреба, налејте пола чаша вода. При крај на пржењето додадете го кечапот и зелката и добро измешајте. Оваа смеса ставете ја врз шпагетите и ги добивате шпагетите со највкусниот сос!

loading...