Рецепт за убав ден

Рецепт за убав ден на Наталија Славева

Наталија Славева ни ја открива тајната за убав ден. Нејзиниот рецепт има неколку интересни состојки и зачини…

Прво на кое помислувам секое утро е убаво, топло кафе кое што буквално ме буди и ме расонува за да можам да се подготвам за претстојните обврски. Обожавам кога уште рано наутро ќе го слушнам гласот на моите најблиски. Добрата музика е неизоставена состојка во мојот рецепт за убав ден.

Често се случува во текот на денот да испијам кафе со луѓе кои ми значат, и тоа дефинитивно е најдобриот „зачин“ за разубавување на денот. Прошетка во природа и одење во театар или кино често знае да ми го разубави и најлошиот ден. За време на викенди, обожавам кога со блиските луѓе имаме можност да излеземе во некој добар ресторан или пак на некоја добра рок свирка во комбинација со убаво вино. Мојот рецепт за убав ден мора да содржи позитивна енергија, многу насмевки и љубов како основни состојки. Добра книга или филм претставува мојот совршен завршеток на денот.

Поврзани статии

Back to top button