Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Бибе Милошевиќ

Бибе Милошевиќ ја знаеме како девојка која секогаш сака да помага и е иницијаторка на многу хумани мисии во обид да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребо. Денеска, ја запрашавме кои се нештата кои и го прават денот убав.

За еден ден да биде убав и совршен, освен што треба да практикуваме да се разбудиме свежи и одморени, мора денот да го започнеме со убаво и јако кафе за да имаме енергија да одговориме на работните задачи и предизвици во текот на денот. Секој ден мора да имаме цел да насмееме барем една личност и да и го разубавиме денот. Да испиеме кафе/чај со драг пријател или со член на семејството. Да споделиме љубов и среќа. Да се јавиме кај нашите најблиски за да ги чуеме како се и како им поминал денот. Да ги полиеме цвеќињата со вода и да си поиграме со нашите миленичиња. За мене совршен ден е денот поминат со најблиските, со мојата љубов и со мојата внука Матеа. Таа мала принцеза има моќ со нејзината насмевка и присуство да ми го претвори најлошиот ден во најубав.

Поврзани статии

Back to top button