Грешки кои ви ја уништуваат кариерата

Да се изгради добра и успешна кариера не е лесно. Но, доколку навистина го сакате тоа, фатете се за работа и избегнувајте да правите грешки.

Кои се најчестите грешки кои многумина од нас ги правиме несвесно, а кои на долг рок можат да ги уништат шансите за кариера?

Чекањето работата да падне од небо

За да најдете добра работа, мора да се потрудите. Всушност, барањето на работа треба да го сфатите како сериозна одговорност и да ја работите со цело работно време. Сопздавајте контакти, распрашувајте се, аплицирајте на огласи, посетувајте саеми за вработување.

Не се обелкувате соодветно

Искината и неиспеглана облека се забранети за на работа. Не смеете да си дозволите да прошетате на работа со проѕирна кошула или мрсна коса доколку сакате да делувате сериозно.

Не земате одмор

До успехот не се стигнува ако работите деноноќно без паузи. Така само ќе станете помалку продуктивни, нервозно, распнати на сите страни… Затоа одвреме-навреме наполнете ги батериите.

Не барате подобра работа

Ако имате потенцијал, а тоа не го ценат во фирмата во која моментално се наоѓате време е да промените нешто! Секој треба да бара подобра позиција од моменталната доколку го заслужува тоа. Не треба да имате грижа на совест кон компанијата ако си дадете отказ за да работите работа која ќе ви биде повеќе платена или поинтересна!

 

loading...