Бог знае што ни треба, што треба да добиеме!

Постои едно едноставно правило, кое кардинално може да ги подобри сите наши односи.
Без разлика дали тоа е врска со Бога, дали тоа е врска со духовните учители, со другите луѓе кои се наоѓаат покрај нас, без разлика дали тоа е врска со нашиот брачен другар или со нашите деца.

Сите односи функционираат според истиот принцип.
Постои една едноставна работа, или едно едноставно правило, кое ако го следиме нашите односи многу ќе се подобрат. Едноставно правило, што не е баш тешко да се следи.

НЕ ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ!

Нашите проблеми не се дека ние не добиваме нешто во врската. Нашите проблеми се дека бараме повеќе од тоа што добиваме.

Сè што треба да имаме го добиваме од Бога. Господ знае што ни треба. Господ знае што да ни даде.

Нашиот проблем е дека секогаш очекуваме нешто друго, очекуваме повеќе. Слично на другите луѓе, очекуваме нешто цело време, наместо да правиме нешто, ние не придонесуваме, само очекуваме. И кога очекуваме, какви очекувања се тоа обично? Такви кои не се остваруваат, нели? Кога очекувањата не се реализираат, ние сме вознемирени. А ако не очекуваме, тогаш нема да имаме ни чувство на вознемиреност.

Дали е логично?

Една причина помалку за анксиозност.

loading...