Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Лили Кадинска

Дознајте од што се состои рецептот за убав ден на талентираната дизајнерка Лили Кадинска која оние што ја познаваат лично знаат дека секогаш носи насмевка.

Мојот убав ден започнува со рано будење. Пред седум часот, се убедуваме со Мила дека е време за на училиште. Утрото ми е омилен дел од денот, првото кафе го обожавам. Тоа е еден цел ритуал, на кој му претходат некои други напитоци, коишто на шега си ги нарекувам еликсири на животот. Многу често првото кафе го пијам со луѓе кои ги сакам и најчесто е зачинето со многу смеа, па убавиот ден е на повидок. Го продолжувам во моето ателје, каде што секој договор и успешно завршена работа за мене значи бескрајна среќа. Многу често велам, во Le Brand имаме работа само со убави луѓе. Секако, мислам на луѓе со позитивна аура, а со такви луѓе рецептот за убав ден е загарантиран. Остатокот од денот, кога ќе завршат обврските сакам да го поминам во убаво друштво, со моите драги личности. Уживам во добра храна, сонце и муабетење без крај. Денот завршува со ќерка ми, гушнати в кревет и некоја добра комедија. Во принцип не сум спанка, па на спиењето не му придавам некое значење. Отсекогаш сум го имала чувството дека спиејќи нешто пропуштам. Сепак, заспивам на половина филм. 🙂

Поврзани статии

Back to top button