ИнтервјуаУбави луѓе

Илиески за Дубаи “Строго е забранета голотијата, надвор од плажите”

Главна туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи.  Дубаи е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати.  Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Во продолжение малку повеќе за Дубаи ќе ни раскаже авторот Јован Илиески од свое искуство.

На социјалните мрежи можевме да забележиме дека неодамна се врати од прекрасниот Дубаи, раскажи ни го твојот прв впечаток

Јован: Дубаи е дефинитивно град на гламурот. Сѐ што може човечкото око да замисли, Дубаи го има веќе изградено.

Според тебе што е она што е задолжително да се види и посети на Дубаи?

Јован: Дефинитивно први на листа нека ви се централниот дел со Бурџ Калифа, исто така Дубаи Марината, Палмата, некоја од големите плажи и Музејот на иднината. Листата е безбројна…

Дали Дубаи те фасцинираше?

Јован: Дубаи не може да не те фасцинира, затоа што градот е така вештачки направен токму само за таа цел. Да те фасцинира и ништо помалку од тоа.

Кои се најголемите културни разлики кои можеше да ги забележиш на ова патување? 

Јован: Јас не доживеав голем културолошки шок затоа што ние од Балканот веќе сме навикнати на муслиманскиот свет и нивниот менталитет. Ако нешто морам да одделам, тогаш нешто ново е она што таму е многу чудно кога маж се движи без горна маичка надвор од плажата, иако е туристички град. Строго е забранета голотијата, надвор од плажата. Тоа се смета за навреда и за вулгарност.

Што треба да го имаме на ум при посета на Дубаи? 

Јован: При доаѓање за УАЕ, имајте на ум дека е прескапо, има одредени правила на однесување и климата е неподносливо топла и влажна. Ова се трите најважни препораки.

Имаш ли план и желба повторно да му се вратиш на Дубаи? 

Јован: Сега за сега, ми недостига Западна Европа. Дубаи ќе остане во позадина и во добар спомен во блиска иднина. Можеби ќе му се вратам, ама тоа нема да е за скоро.

 

Поврзани статии

Back to top button